финансии (само мн.)
Не е затоа што не сакаме, ние едноставно немаме таков принцип на работа, немаме фондови со финансии кои би биле планирани во буџетот од оваа година и би се однесувале на реализирање помош на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Мухаремскиот декрет означувал полна победа на европскиот финансиски капитал и полна потчинетост на турските финансии и стопанство под туѓите банкари.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Указот извршен од министрите за просвета и црковни дела и финансии.”
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Советот фактички ги раководел државните финансии и стопанскиот живот во Турција.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Како дел од ова централизирано делување е и сферата на финансиите на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Инаку, во нашиот Кривичен законик (1996) постои и кривичното дело „Злоупотреба на овластување во стопанството“ кое спаѓа во групата на казнени дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Остана дури и денес во прекрасни односи со госпоѓата Фатма Белхоџа, сопруга на покојниот министер за финансии Белхоџа, (Бургиба беше нивен кум на свадбата) главниот преговарач за независноста на Тунис со некогашниот француски претседател Мандес Франс.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Спровел реформи во војската и во финансиите.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
За работата со вкупните финансии надлежна беше административно-техничката единица, а благајната беше централизирана.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Вамбери раскажал приказна за балкански претседател на влада, кој му го вратил часовникот на гостинот, крадејќи го од својот министер за финансии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Буџетот за архитектура е сто пати поголем од буџетот за јавна уметност, бидејќи една зграда обезбедува нови работни места и производи и услуги кои ги зголемуваат финансиите на градот...
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Советот, меѓутоа, ставил извесен ред во турските финансии.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Финансиите се за сиромасите, не за нас“, со длабок глас, бавно како крвник и свечено како проповедник, соблечен до појас и наметнат со бела прегача, како ковач или месар, како занаетчија- мајстор накусо, грмеше на сцената на Цанкаревиот дом Петер Млакар, членот на Одделот за чиста и практична филозофија на Neue Slowenische Kunst, дружина 1983 г. создадена од музичката група Laibach, ликовната група Irwin и Gledališće sester Scipion Nasice (подоцна Kozmokinetični kabinet Noordung).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)